Агелер за ставањето на Мерко на црната листа: САД ќе продолжи да се бори против секоj кој го поткопува владеењето на правото

Американската амбасадорка Анџела Агелер, се огласи по повод ставањето на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко на црната листа на САД, со што му се забранува влез во САД.

Агелер потенцираше дека САД ќе продолжи да се бори против секој оној кој го поткопува владеењето на правото.

„Народот на Северна Македонија заслужува интегритет од нивните јавни службеници и систем кој ќе бара одговорност. Соединетите држави ќе продолжат да го критикуваат секој – без разлика на позицијата или политичката партија – кој го поткопува владеењето на правото, загрозувајќи го напредокот и стабилноста на Северна Македонија“, напиша Агелер.