Подобрување на квалитетот на услугите во Агенцијата за храна и ветеринарство, засилување на инспекциските контроли во делот на безбедноста на храната и храната за животни, здравствената заштита на животните, нивната благосостојбa и ветеринарното јавно здравство, но пред се жестока борба против криминалот и корупцијата. Ова на денешното официјално примопредавање на функцијата директор на Агенција за храна и ветеринарство го истакна новиот прв човек на АХВ, Оливер Миланов.
Тој, на средбата со својот претходник, поранешниот директор на АХВ Николче Бабовски истакна дека дигитална трансформација на институцијта ќе биде во фокусот на неговото раководење со АХВ. Целта е обезбедување на подобра комуникација, но и безбедност на информациите, транспарентност и отчетност, со што како што потенцира тој, ќе ја подигнеме и довербата на граѓаните кон Агенцијата за храна и ветеринарство.
-Како прв човек на Агенцијата, ќе ја интензивирам соработката со меѓународните организации, пред се со оние од областа на безбедноста на храната и задрвствената заштита и благосостојбата на животните, но и со останатите, со домашните и меѓународните експерти, со медиумите и со другата јавност, со цел унапредување на работењето на институцијата во интерес на граѓаните, бизнис и невладиниот сектор – истакна Миланов.
Бабовски го запозна Миланов со тековните активности во АХВ и му посака успех во работата како прв човек на Агенцијата за храна и ветеринарство.
-Време е за напорна работа, резултати, отчетност и транспарентност, порача новиот директор на АХВ, Миланов.