Агенцијата за млади и спорт ќе спроведе обука за млади претприемачи за развој на претприемништво и деловни вештини, на која можат да учествуваат лица на возраст од 18 до 25 години.
Како што соопшти Агенција за млади и спорт, обуката е составена од два модула, при што првиот ги опфаќа претприемништвото, претприемачкиот процес и претприемачот, додека вториот се однесува на деловните вештини потребни за основање и водење сопствен бизнис.
Рокот за аплицирање на обуката е до 30 септември, а сите заинтересирани за учество имаат можност подетално да се информираат од официјалната интернет страница на Агенцијата за млади и спорт.
Претприемништвото претставува иновирање, финансирање и реализирање на бизнис идеи, со цел поекономично произведување економски добра, се нагласува во соопштението.