Советниците од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) едногласно во четвртокот одлучија дека се исполнети услови за започнување постапка за утврдување на вистинското сопствеништво и евентуално гасење на 1ТВ
„Лицето Бојан Јовановски во изминатиот период на неговиот медиум, но и на други медиуми јавно изјавува дека е сопственик на телевизјата 1 ТВ, што е спротивно со податоците со кои располага Агенцијата за медиуми и спротивно на член 34 од Законот за Аудио и Аудиовизуелни медиумски услуги во којшто не е дозволено тајно содружништво или таен скриен сопственик“ рече директорот на Агенцијата Зоран Трајчевски.
На седница се одлучи дека се исполнети условите за постапка за утврдување на вистинското сопствеништво. Постапката се отвора согласно членот 34 од Законот за АВМУ.
Одлуката е усвоена откако во последното интервју на 1ТВ, Бојан Јовановски, попознат како Боки 13, во повеќе наврати призна дека сопственик на телевизијата е неговиот татко, иако тој се преставува како сопственик. Конечната одлука АВМУ ќе ја донесе откако ќе го добие одговорот од Јовановски.