Агим Јонуз, аналитичар на македонските прилики, на Фесјбук го објави своето мислење за Албанец за премиер, директно обраќајки се до министерот за надворешни работи Бујар Османи.
„Јавно до Бујар Османи – „Ќе имаме Албанец за премиер“
ОК! Јас сум Албанец! Ништо поголем и ништо помал од тебе! Името ми е Агим! Сакам да знам дали ќе живеам подобро ако премиерот по секоја цена ми е Албанец? Дали ми гарантираш социо-економски прогрес, подобар стандард или чисто „етнотриумфалистички“ популизам, кој за твој калибар на интелектуалец девлавира многу нешта во општата слика за еден Министер, еден претседавач со ОБСЕ, еден врвен лекар!
Ништо лично! Чисто техничко прашање!
Дај ми Банту црнец за премиер! ..Ако ме разбра! А разбра!“, напиша Јонуз.
Нешто подоцна овој статус беше избришан.