Агнеса Органџиева: Јас заработувам од тоа што ме оговараат, си го полнам џепчето, а ништо не правам

Во најновата епизода од емисијата „Нешто Конкретно со Снеже Велков“, тема е озборувањето. Кој како и зошто озборува? Дали тоа го прават сите, но не признаваат? Постојат ли личности на кои што им годи да ги озборуваат и дали е вистина дека може дури и да се заработи ако некој те озборува?

Гости се Нора Шаќири Марковиќ, Агнеса Органџиева, фотографот Дарио Јанковиќ и адвокатот Тале Арсов.

Нора сподели момент кога медиумите ја направиле поранешна девојка на Здравко Чолиќ.

Колку често нашите сограѓани тргнуваат правно да ги решат ваквите проблеми раскажува адвокатот Тале Арсов.

За озборувањата Агнеса вели:
„Јас заработувам од тоа што ме оговараат, си го полнам џепчето, а ништо не правам“, истакна таа и додаде дека за неа можат што сакаат да зборуваат, но децата не смеат да и ги стават во уста.

Фотографот Дарио Јанковиќ зборува за политичарот кој што за него зборувал дека е геј.

„Немам ништо против таа популација, но не сакам за мене да се зборува така, не сум имал потреба да се правдам и да се докажувам дека не сум геј, но ми смета за мене да зборуваат така“, вели Јанковиќ.

Подолу можете да ја погледнете целата емисија: