Конечно започна сезоната на јагоди, вкусно и омилено овошје на многумина.
Освен со вкусот тие освојуваат и со своите здравствени придобивки.
Според „WebMD“, има многу придобивки од редовното консумирање на јагоди. Имено, витамините, минералите и антиоксидансите во јагодите можат да обезбедат важни здравствени придобивки.
На пример, јагодите се богати со витамин Ц, влакна и полифеноли, антиоксидантни соединенија кои можат да помогнат да се спречи развојот на одредени болести.
Покрај тоа, јагодите може да обезбедат и други здравствени придобивки како што се:
– зачувување на здравјето на срцето и циркулаторниот систем
– зајакнување на имунитетот
– намалување на ризикот од рак и деменција
– намалување на нивото на холестерол во крвта
– спречување на воспаление во телото
– одржување на здравјето на цревата