Државниот правобранител на Република Северна Македонија Агрон Речи поднесе неотповиклива оставка поради лични причини. Од Владата барам да ја прифати мојата оставка на наредната владина седница и согласно Законот за дражвно правобранителство најдоцна во рок од седум дена од престанокот на вршење на функцијата, да биде именуван за државен правобранител со седиште за подрачјето на Охрид, од каде бил именуван пред стапување на функцијата.
Речи со одлука на Владата, од 18.04.2023 година беше именуван за државен правобранител. Претходно ја врши функцијата државен правобранител за подрачјето на Охрид, каде е именуван со одлука на Влада од ноември 2020 година.
– Оваа оставка ја поднесувам од лични причини, од кои најдоминантно влијание врз ваквото мое одлучување имаше околноста што сум фамилијарна личност, со оформено семејство кое не живее во градот каде што ја обавував функцијата. Одвоениот живот од семејството го инсинуира овој формален чин на напуштање на функцијата од моја страна. При потполно чиста совест и здрав разум, неприсилен од никого поднесувам неотповиклива оставка од функцијата државен правобранител на РСМ, поради лични причини, се вели во оставката на Речи.