Клупскиот доктор на англискиот премиерлигаш Манчестер Сити, потврди дека последната повреда која аргентинскиот интернационалец Серхио Агуеро ја заработи на последниот првенствен натпревар против екипата на Тотенхем е од посериозна природа и истата бара мирување во следните 30 дена.
„Станува збор за повреда на задната ложа и таквиот вид на повреда бара мирување во следните 30 дена. Освен што нема да биде во комбинација за следните првенствени натпревари, Агуеро нема да настапи и на првиот 1/8 финален натпревар од најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони, против екипата на Барселона”, изјави клупскиот доктор на англискиот премиерлигаш.