Агуеро убеден дека Германија е под голем притисок

Брзоногиот напаѓач на Аргентина, Серхио Агуеро е убеден дека репрезентативците на Германија ќе чуствуваат многу поголем притисок пред стартот на финалниот натпревар.

“Германија е секогаш фаворит без разлика на противникот. И пред стартот на Мундијалот, Германија и Бразил беа дефинирани како најголеми фаворити за светската титула. Така ќе биде и во финалниот натпревар. Аргентина треба да ја игра својата игра, својот препознатлив стил на игра. Факт е дека репрезентативците на Германија ќе бидет под поголем притисок пред стартот на натпреварот. Сакаме ние да имаме контрола врз топката, но Германија има фантатсичен тим, одлично се познаваат сите фудбалерти, играат заедно веќе неколку години. Аргентина секогаш игра на победа, но мора да бидеме внимателни. Сигурно дека е загрижен и противникот, знае дека Аргентина има одлични напаЃачи кои можат да направат големи проблеми во противничката половина”, изјави Агуеро.