Огранокот на ДУИ во селото Неготино, Општина Врапчиште, вчера организираше средба со народот каде присуствуваше и лидерот Али Ахмети, како и високи претставници на Демократската унија за интеграција.
Пред стотина членови и симпатизери, претседателот Али Ахмети од Врапчиште порача:
„Врапчиште и целиот албански народ ќе го бранат албанскиот јазик што е постигнат со пожртвуваност. Албанците нема да го толерираат ова. Исто така очекуваме на заедничката средба со Владата на Северна Македонија, Владата на Република Косово да го покрене прашањето за албанскиот јазик. Очекуваме реакција од сите партии во Косово“.
Исто така, на вечерашната средба со народот во општина Врапчиште беше истакнато дека албанските политички партии, сите без исклучок, имаат обврска да го заштитат албанскиот јазик, бидејќи ова прашање ги засега сите.
„Апсолутно неприфатливи се укинувањето на етничката припадност, водени од менталитет што не носи ништо добро, неправедното отстранување на Албанците од институциите, рушењето на достигнувањата во сите области, селективната правда. Ги повикуваме губитниците на изборите да не ги легитимираат штетните политики кои не вратат назад и суштински ги влошуваат меѓу етничките односи. Нека ги напуштат институциите, да не бидат дел од срамот“, велат од ДУИ.