Ахмети бара албански јазик и за меѓународна употреба

Албанскиот јазик да се употребува и во комуникацијата на Република Македонија со другите држави и меѓународни организации, бара лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Тој вели дека законот за употреба на јазиците којшто треба да се изгласа во Собранието до крајот на септември е плод на компромис, но во иднина токму употребата на албанскиот јазик во меѓународна употреба е прашање кое очекува да се отвори.

„Охридскиот договор. Што се однесува на јазикот, на пример, во меѓународната комуникација, албанскиот јазик е дискриминиран Зошо албанскиот јазик да не се смета за еднаков и во меѓународната комуникација? Зошто албанскиот јазик да се забранува надвор од границите на Република Македонија? Но ова се прашања кои можат да бидат отворени и да се разговара за нив“, вели Ахмети во интервју за порталот пост.мк.

Инаку, за реализација на ваквото барање на ДУИ неопходно би било уставна промена бидејќи засега според Уставот единствено македонскиот јазик е во употреба во меѓународната комуникација.