Специјалниот пратеник на Германија за Македонија Јоханес Хајндл денес оствари средба со лидерите на партиите потписнички на Пржинскиот договор, СДСМ, ДУИ и ДПА.
На средбата со лидерот на ДУИ Али Ахмети во германската амбасада било разговарано за ставање на крај на политичката криза и најприкладен начин за свикување на Собранието.
Разговаравме за можноста за повторно свикување на Собранието за што и консултираме експерти. Инаку, според нас, одењето на избори е лош имиџ за земјата, изјави Ахмети.
Во моментов, на средба со Хајндл е и лидерот на ДПА, Мендух Тачи, а претходно Хајндл се сретна со претседателот на СДСМ Зоран Заев.