За косовската телевизијата Т7, лидерот на ДУИ синоќа изјави дека по парламентарните избори во Македонија, на кои неговата партија освои 15 пратенички мандати, иден премиер на земјата треба да биде Албанец, односно кандидатот на ДУИ Насер Зибери, јави дописникот на МИА од Приштина.
Гостувајќи преку видео–врска во емисијата „Пресинг“ на Т7, Ахмети порача дека „на хегемонистичките политики им дојде крајот и идејата за премиер Албанец ќе заживее мошне брзо“.
„Албанците имаат право исто колку и Македонците и сé додека премиер може да биде Македонец зошто не би бил и еден Албанец“, рече Ахмети.
Ахмети вели дека веќе стапил во контакт со лидерите на останатите партии на Албанците кои ќе имаат пратеници во идното македонско Собрание, но дека очекува одговор од Зијадин Села откако официјално ќе се потврдат резултатите од изборите.