Ахмети: Министерката води специјална војна против ДУИ

Скандалот во Министерството за труд и социјална политика јас го сфаќам како специјална војна против Демократската унија за интеграција, изјави лидерот на ДУИ Али Ахмети во интервју за вториот канал на МРТВ.

„И невладините организации и медиумите и политичките партии сите станале обвинители и сите обвинуваат за крадење и за нечисти работи, а никој од нив не оди да пријави во Обвинителство. Еве на пример да го земеме последниот случај каде што излегува министерката без никаква одговорност и вели дека се изгубени 19 милиони евра во Пензискиот фонд и јас оваа порака ја сфаќам како една специјална војна против ДУИ, бидејќи случајно се погодиле директорите да бидат на ДУИ и јас ова го сфаќам како една специјална војна против ДУИ. Нека оди во Обвинителство, тоа се 19 милиони евра“ рече Ахмети.

Ахмети исто така потенцираше дека тоа што за ова плаќа политичка цена и не е важно бидејќи поважно е тоа што со ваквиот потег од страна на министерката се навредуваат над сто илјади гласачи на ДУИ.

„Излегува денес и вика дека било техничка грешка, но за таа техничка грешка јас плаќам политичка цена. Не е работата тоа што јас плаќам политичка цена, туку тоа што се навредуваат над сто илјади гласачи на ДУИ“, вели Ахмети.