Aхмети на средбата со Куртц: Време е за евроатланска Македонија

Дојдено е времето заедно да ги изодиме последните чекори кон НАТО, изјави челникот на владејачката Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети кој во петокот се сретна со австрискиот канцелар Себастијан Куртц.

Ахмети и Курц разговарале „отворено и пријателски“ за предизвиците на Македонија и регионот, при што авструскиот канцелар ја истакнал големата австриска поддршка за евроатланската интеграција, но и за потребата од натамошни реформи, се наведува во партиското соопштение.

„Добрите пријатели се посебна вредност и г-дин Себастијан Куртц е еден од нашите најголеми подршувачи. Австрискиот премиер се враќа во Скопје за да ни даде поддршка на нашиот пат кон НАТО и ЕУ. Дојде време заедно да ги изодиме последните чекори кон посакуваниот успех, евроатланската интеграција”, истакна Ахмети.

Ахмети му се заблагодарил на премиерот Куртц за подршката за евроатланската прогресивна опција во земјата и вети дека тој и ДУИ со посветеност ќе работат за реализација на договорот, но и за понатамошно реформирање на општеството.