Ахмети: Нема друга алтернатива освен НАТО

НАТО остaнува најважен столб како гарнција за спроведување на Рамковниот договор,  изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети на приемот по повод поканата за влез во Северно-атланската алијанса.

Според Ахмети, пред 17 години тогашната ОНА преговарала со НАТО за демобилизирање, а денес партијата ја завршува својата мисија.

Предвремени избори не се решение за излез од политичката криза. Политичките партии треба да најдат енергија за да се доближат ставовите на власта и опозицијата. Недоразбирањето е околу договорот со Грција. И гласање против е демократски глас. Нема друга алтернатива освен ЕУ и НАТО. Ако има некој друга нека ја каже. Опозицијата мора да биде дел од решението. Членството во НАТО придонесува за поголема стабилност, повеќе безбедност, поголема верба во иднината, но и креира доверба бидејќи завршуваат претензиите, соништата и секаков вид идеологија, изјави Ахмети.

На приемот организиран во еден скопски ресторан присуствуваа членови на ДУИ, поглаварот на Исламската верска заедница, амбасадорот Џес Бејли, собранискиот спикер Талат Џафери и останати дипломати.