Ахмети: Победниците на овие избори ќе имаат историска шанса за оваа земја

Би сакал да имаме добар изборен процес, би сакал сите протоколи да се почитуваат според директивите на здравствените тела, со најдобра намера да имаме правилен изборен процес, рече по гласањето во средата лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

„Овие избори се од особено значење, ако досега затворивме многу важни процеси за земјата и регионот, за мирот, стабилноста и безбедноста, сега отвораме нова страница во историјата на оваа земја, почнуваме преговори за членството на земјата во ЕУ, со што победничките сили во оваа земја имаат историска одговорност да ги исполнат сите стандарди кои ни овозможуваат побрз пат кон членство во Европската унија“,рече Ахмети.

Оцени дека санува збор за „многу важен момент“ за подигнување на жовотниот стандардот на граѓаните, за подобар живот, за подобро образование, за уште понапредно здравје

„Така што е мандат кој политичките партии што ќе победат на овие избори да направат добра работа со цел да не ги разочаруваат граѓаните и што е можно поскоро овие очекувања да бидат исполнети. Јас сум многу оптимист, ако работиме со посветеност и со срце, овие стандарди сигурно дека ќе бидат постигнати“, додаде лидерот на ДУИ.

Ахмети оцени дека кампањата ја воделе напорно и смета дека ДУИ ќе биде „апсолутен победник“ во албанскиот дел од електоратот.

„Јас претходно реков дека силите што ќе победат на овие избори пред себе имаат историска шанса, имаат историски задачи за оваа земја и очекувам да работат со посветеност. Ако не го скршите изборниот молк, можам да зборувам и на оваа тема, се знае дека работевме напорно, ги презентиравме сите наши опции и платформа, очекувам да бидеме апсолутен победник во албанскиот кампус“, порача Ахмети.