Теута Арифи ја има целата поддршка од партијата за нов четиригодишен мандат, за да продолжи развојот на Тетово, порача лидерот на ДУИ Али Ахмети од синоќешниот митинг во Шипковица
– Колку сме поблиски едни до други, толку сме посилни и со локалното население и со меѓународната заедница. Самo што ја претставивме зелената агенда, после два дена ме контактираше претставникот на Обединетите Нации кој побара состанок овде во Северна Македонија, разговаравме два часа за зелената агенда и без двоумење ми кажа 183 милиони долари имаме одвоено за оваа агенда. Ние процесите ги водиме напред. Агендата пред вас е победничка, која е добра за сите нас но и за генерациите што ќе дојдат после нас – рече Ахмети пред жителите на Шипковица.
Првиот вицепремиер, Артан Груби рече дека нема проект што го ветиле, а не го реализирале, дека нема неасфалтиран пат и дека нема проект што Теута го ветува и не е реализира.
– Да бидам искрен, се чувствувам многу удобно. Првпат држам говор пред жителите на оваа област. Имам посебни емоции затоа што секогаш ја чувствував тетовската околина како столб не само на ДУИ, туку и на сите Албанци, како идентитетски код на ДУИ и затоа ми е чест што сум тука пред вас да побарам поддршка за Теута, и не се сомневам во нашата победата во сите општини од Липково до Струга затоа што имаме најдобра понуда, бидејќи сите работи кои ги ветуваме, и ги реализираме. Нема проект што сме го ветиле и не сме го реализирале, нема пат што не е асфалтиран, нема проект што Теута го ветува и нема да го реализира,
затоа што сите ние стоиме зад неа, затоа што Теута е наша -истакна Груби.
Актуелната градоначалничка Арифи рече дека осум години по ред имале добри но и тешки денови, но дека се обиделе да го направат најдоброто за граѓаните.
– Тетово е град на знаењето и на промените стари со векови и промената по која чекоревме сите ние заедно. Направивме уште една промена, само што ја отворивме првата градинка во оваа населба, целта беше децата да го добијат потребното образование. 8 години имавме добри и тешки денови, но во овој период се обидовме да го направиме најдоброто за вас. Ве поканувам да ја направите промената на 17-ти октомври, за да покажете дека ние сме тие што ја имаме силата и самите ги правиме промените. Мандатот го сакам од вас, а не од пазарењата, за подобар живот “, кажа кандидатката за градоначалник на Тетово, Теута Арифи.