
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, вели дека што се однесува до него законот за јазици е усвоен и дека прашање на време е неговата конечност, пренесеМакфакс.
„Сме чекале 150 години, ќе почекаме уште неколку дена“, рече Ахмети на свечена академија по повод 10-годишнината од прогласувањето независност на Косово што се одржа во Скопје во организација на лидерот на ДУИ.
Законот за јазици заглави во Собранието, откако опозициската ВМРО-ДПМНЕ поднесе над 35.000 амандмани. Собранието пред десетина дена информира дека амандманите се преведени и архивирани.
„Со оглед на големиот број амандмани, потребно е тие да се разгледаат и да се постапи по нив во согласност со одредбите на Деловникот за работа на Собранието, по што законот за јазиците ќе биде разгледан“, соопштија од Собранието.