Ахмети утре ќе соопшти голема вест, неофицијално, Фатмир Дехари ќе го промовира во претседателски кандидат

Ве известуваме дека утре (четврток, 22.02.2024) со почеток во 11:00 часот, Али Ахмети ќе им се обрати на граѓаните преку директен пренос на неговата страница на социјалната мрежа Фејсбук за да ја соопшти големата вест .

Ова е се што стои во најавата на ДУИ за утрешниот настан. Ако треба да погодуваме, тоа е информацијата дека ДУИ ќе има свој претседателски кандидат и дека најверојатно тоа ќе биде кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари.

извор: press24.mk