Ахмети уверува дека нема превирања во ДУИ

Почна одржувањето на состанокот на Централниот совет на Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска во Тетово, на кој пристигнаа и претставници на таканаречената „огнена група“. Состанокот го води претседателот на партијата, Али Ахмети.

Пред да започне состанокот, Ахмети накусо за медиумите истакна дека во ДУИ нема поголеми проблеми и ќе се продолжи со развој на партијата.

„Општ состанок на Советот, се избира претседателство, се избираат потпретседатели, генерален секретар, ќе се разговара за патот на развој на политиката… Епилогот е – ДУИ продолжува, нема незадоволство, има дијалог, менаџирање, дебатирање за процесот, нема огнена група“, изјави Ахмети.

Овој состанок на членовите на Централниот совет на кој ќе се избираат нови партиски функционери, следува откако минатиот месец таканаречената „огнена група“ побара реформи во ДУИ, а одредени луѓе да понесат одговорност