Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, во четврток попладне престојуваше во неколку села во општина Липково, Слупчане, околината на Липково, додека во вечерните часови беше во Матејче каде учествуваше на промотивниот собир на кандидатот за градоначалник Еркан Арифи и на советничката листа на ДУИ за локалниот парламент на Липково.
Во оваа прилика беше кажано дека во последните петнаесет години ДУИ оставила длабоки траги кај Албанците од овој регион кои до 2001 година биле запоставени од надлежните на тоа време.
„Само за време на последниот мандат, во овој регион се инвестирани 17 милиони евра од изградбата на средното училиште кое го носи името на националниот херој ’Исмат Јашари’ и се’ до асфалтирањето и доградбата на многу патишта, регионалниот пат кој е во завршна фаза, канализацијата од Лојане до Накуштак, воспоставување врски со Косово, па дури и почеток на водоснабдување што се очекува да биде заокружен за време на следниот мандат. Само овој проект изнесува девет милиони евра“, рече меѓу другото Ахмети.
Поранешниот градоначалник на Липково, актуелен министер за животна средина и просторно планирање, Садула Дураку, и кандидатот за градоначалник Еркан Арифи и претседавачот на листата на кандидатите за советници, Лејла Исени, укажаа дека ДУИ излегува на овие избори со јасна програма на континуитетот да се унапреди оваа страна, да се намали невработеноста преку инвестиции, знаење и еманципација.
Пречекан со голем аплауз од страна на присутните, Али Ахмети ја поздрави опомената на потпретседателот на ДУИ, Садула Дураку, за споменикот на националниот отпор во Слупчане кој е во финална фаза.
„Луѓето кои не го ценат минатото, секако не ја заслужуваат иднината… ако не се почитува минатото, тешко дека ќе знаеме како да ја градиме иднината“, додаде Ахмети, оценувајќи дека одлуката за поставување на споменикот „во Карадак е доказ за одржување во живот на националниот дух“.
Говорејќи за понудата на ДУИ за локалните избори на 15-ти октомври, Ахмети нагласи дека тоа не е едноставна кампања, туку обврска и заложба за создавање на подобра и побезбедна иднина.
„Целата партија ДУИ со претставници во извршната власт, ќе биде зад Еркан Арифи и тимот на советници за продолжување на проектите во интерес на сите луѓе кои живеат во општина Липково, за зголемување на вредноста во образованието, здравството, за подобрување на инфраструктурата“, потенираше Ахмети.
Во врска со дебатата околу нацрт-законот за употреба на јазиците, лидерот на ДУИ објасни дека расправата е прекината во Собранието бидејќи не сакале да се политизира за време на кампањата, но нема отстапување од гласањето на албанскиот јазик како официјален јазик во целосна употреба, на сите нивоа.
„Не бараме ништо повеќе од целосна еднаквост од службената употреба на албанскиот јазик“, заклучи Ахмети повикувајќи да гласаат за ДУИ не затоа што има „силни мускули“, туку затоа што „придонесува една четвртина век“ за доброто на Албанците.