Ахмети задоволен од одлуката на Уставниот суд

Ахмети задоволен од одлуката на Уставниот суд
Ахмети задоволен од одлуката на Уставниот суд

Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска ја поздрави одлуката на Уставниот суд со која, како што наведува на неговиот Фејсбук профил, ќе се овозможи повторно заседание на Собранието.

– Ја поздравувам денешната одлука на Уставниот суд со која се овозможува враќање на работата на Собранието, како прв чекор и неопходен за решавање на сериозната политичка криза. Ги повикувам сите лидери, медиумите и граѓанското општество да дејствуваат со целосна одговорност имајќи ја предвид ситуацијата во која се наоѓа нашата земја и да се придонесе за враќање на безбедноста, стабилноста и силно да се заложат за сериозната реформска агенда, наведува Ахмети на Фејсбук.