Дел е да се постигне некаква лидерска позиција во некоја област. Тоа може да биде плаќањето, дигиталниот идентитет или која било област… аутсорсинг или слично, да најде лидерска позиција и потоа да ја прошири на уште неколку конкурентни области и бизниси на кои им е потребна таа способност. На пример, ако е тоа дигитален превод, ако можеме да го постигнеме тоа овде, заедно со соседните земји… на сите во Европа им е потребен превод на овој или оној начин, па може да биде лесен начин за проширување и излегување од Европа.
Како ја оценувате поддршката на македонската Влада и мерките за подобрување на условите за водење бизнис?
Тоа беше една од работите што ме привлекоа на оваа конференција, затоа што веќе сум ја видел. Македонската влада има доста сработено, значително повеќе од многу други европски земји, во однос на тоа како да помогне во растот со образованието, законодавството, индустријата итн… Се разбира дека може и повеќе, но во моментов гледаме големи промени во индустријата, големи промени во начинот на кој луѓето работат. Затоа ни е потребна влада што ја разбира иднината и помага земјата да стигне до таму. Некои влади имаат пристап на запирање на еволуцијата и забавување на промената. Овде мислам дека гледам влада што ја разбира иднината и разбира дека нацијата треба да се подготви за таа иднина.
Автор сте на десетина книги за мобилна технологија, каква иднина ѝ се предвидува?
Мобилната технологија денеска досега до џебот на секој човек на планетава. Секој што може да си дозволи шолја кафе, секој што може да си дозволи весник има мобилен телефон. Во наредните пет години, секој нов мобилен телефон продаден на планетава ќе биде смартфон. Тогаш сите ќе имаат мал компјутер во џебот. По неколку години, дури и старите „нокии“ кои се многу основни телефони веќе нема да бидат во употреба и сите ќе се префрлат на смартфоните. Ако ја погледнеме иднината, ќе имаме плаќање преку мобилен, купување авионски билети, возачки дозволи. Во Дубаи возачката дозвола е веќе на мобилен телефон, па веќе не ви треба пластичната картичка. Наскоро ќе биде и пасошот. Во Естонија веќе гласаат преку мобилен телефон на националните избори. Вакви џиновски промени ќе ги зафатат здравството, образованието, вестите, забавата.