Агенцијата за храна и ветеринарство нема добиено нотификација преку Европскиот систем за известување за небезбедна храна и храна за животни (RASSF) дека на македонскиот пазар е пласиран небезбеден безалкохолен пијалак.
Во регистарот за збогатена храна на Агенцијата за храна и ветеринарство регистриран е безалкохолен пијалак PRIME HYDRATION DRINK за кое АХВ има издадено одобрение за ставање во промет.
Кај нас е одобрена верзијата без кофеин т.е. производи декларирани како пијалаци за хидратација (PRIMEHYDRATION DRINK) кои се збогатени со витамини и амино киселини, со различни вкусови.
За овие производи постои мислење од Фармацевтскиот факултет дека истите можат да се употребуваат како збогатена храна, почитувајќи ги препораките за консумација и предупредувањата наведени на означувањето на овие производи.
Апелираме до потрошувачите доколку на пазарот најдат производ од овој бренд кој не е регистриран /одобрен од Агенцијата, тоа да го пријават во АХВ, лично, на бесплатната линија за потрошувачи 0800 3 22 22 или електронски на [email protected]. соопштија од АХВ.