Добиените резултати од лабораториските испитувања на земените мостри храна од сендвичарницата „7- ца“ во скопските општини Карпош и Кисела Вода, не потврдија присуство на патогени бактерии, односно мострите одговараат на микробиолошките критериуми за безбедност на храната и не се причина за труењето, поради кое неодамна беа хоспитализирани 43 лица, соопшто во средата Агенцјата за храна и ветеринарство (АХВ).
Се истакнува исто така, дека се негативни си наодите од земените брисеви од работните површини во сендвичарниците.
Бактерија Salmonella enteritidis group D, со лабораториско испитување на копрокултура е детектирана кај шест лица, прецизираат од АХВ.
Во изминативе три месеца, во рамки на редовните контроли и постапувајќи по претставки од граѓани, посочениот синџир сендвичарници неколкупати бил контролиран од страна на инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство, при што не се утврдени недоследности, а хигиената во двата објекта, во скопските општини Карпош и Кисела Вода., била на задоволително ниво.
Во двата објекта спроведени се наложените мерки од страна на инспекциските служби на Агенцијата и на Санитарно здравствениот инспекторат и тие по временото затворање повторно работат