АХВ со препораки за болеста Чвореста Кожа кај говедата

Агенцијата за храна и ветеринсарство денес објави препораки за болеста Чвореска кожа кај  говедата.

Во продолжение интегрален текст од препораките на АХВ:

ПРЕПОЗНАЈЕТЕ ЈА БОЛЕСТА НА ЧВОРЕСТА КОЖА КАЈ ГОВЕДАТА!

  • Болеста Чвореста кожа кај говедата е вирусно заболување,
  • Болеста не е зооноза и не постои ризик по здравјето на луѓето!!!
  • Месото и млекото од заболените животни не се опасни за човечка употреба, бидејќи болеста Чвореста кожа ги напаѓа само животните односно говедата.
  • Забраната за употреба на млеко и месо од заболени животни е воведена како мерка само за да се спречи ширењето на болеста меѓу говедата.
  • Предзивикува висока телесна температура кај животните – (до 410C ),
  • Појава на чворести промени на кожата,
  • Пад на млечноста,
  • Исцедок од носот и очите и појава на абортуси кај гравидните животни.

Сточари!

Доколку забележите вакви знаци кај говедата веднаш известете го својот надлежен ветеринар – ветеринарното друштво или Агенцијата за храна и ветеринарство!

КАКО СЕ ПРЕНЕСУВА БОЛЕСТА?

  • Преку инсекти (комарци и шталскимуви),
  • Директно преку контакт на заболено со здраво животно,
  • Индиректно преку заразена храна, вода, измет, заразени материјали опрема и друго.

ЗАШТИТЕТЕ ГИ ЖИВОТНИТЕ!

  • Говедата држете ги затворени во штала – да не се пуштаат на паша,
  • Не ги мешајте со говеда од соседните и други одгледувалишта,
  • Ставете на шталата/објектот заштита од инсекти и редовно вршете дезинсекција и дезинфекција,
  • Заштитетеги и животните од убоди од инсекти,
  • Користете средства против инсекти (репеленти) кои се регистрирани во Република Македонија и во согласност со упатството на производителот,
  • Репелентите по можност да немаат каренца за млекото и месото.

КОИ БИОСИГУРНОСНИ МЕРКИ ТРЕБА ДА СЕ СПРОВЕДАТ НА ОДГЛЕДУВАЛИШТАТА?

  • Oдгледувалиштето/фармата да има само еден влез и еден излез,
  • Поставете знак за предупредување /забранет влез/,
  • Дезинфицирајте ги чевлите и рацете при влез и излез од одгледувалиштето/фармата,
  • Поставете дезинфекциони бариери на влезот и излезот на одгледувалиштето/фармата како и навлезот и излезот на секој објект,
  • Користете заштитна облека при работа и истата треба редовно да се чисти и дезинфицира,
  • Изолирајте ги болните од здравите животни, по можност во посебна просторија,
  • Работниците кои работат со болни животни да немаат пристап до здравите животни на фармата,
  • Редовно чистете го изметот од објектите и соодветно да се отстранува,
  • Задолжително вршете дезинфекција на возилата при влез и излез од одгледувалиштето/фармата,
  • Правилно складирајте ја и чувајте ја храната и водата на одгледувалиштето/фармата
  • Поставете мрежи против инсекти на прозорците, вратите, отворите за вентилација.

Ги повикуваме сточарите за секоја дилема во врска со болеста да се обратат во Агенцијата на бесплатниот телефонски број 0800 3 22 22, или електронски на [email protected].