Од Агенцијата истакнуваат дека за да се спречи труењето со храна кое е честа појава во летните месеци потребно е граѓаните при купувањето да водат сметка за изгледот и рокот на употреба на производот, да купуваат храна од проверени места, а лесно расипливите продукти да се купуваат исклучиво од објекти каде што се чуваат во разладни уреди.
Препорака е да се избегнува и храна со оштетена амбалажа, ладните или замрзнатите производи да се купуваат на крајот од пазарењето, а месото, млекото и јајцата да не се чуваат долго време во автомобилите.
При подготовката на храната од Агенцијата за храна и ветеринарство препорачуваат овошјето и зеленчукот темелно да се мијат, млекото, месото и јајцата термички добро да се обработат, а оладената храна да се чува на температура пониска од 50 степени, а топлата храна на температура повисока од 600 степени. Подготвената храна која нема да се консумира веднаш се препорачува да се чува во фрижидер.
При купувањето на подготвена храна или храна од угостителски објекти се препорачува таа да се зема од места кои имаат добра репутација, купената топла или смрзната храна побрзо да се однесе дома и да се избегнува купување на храна која можеби е расипана или која сменила боја, а во објектите за брза храна да се избегнуваат мајонез, кечап, крем салати, сосови и преливи.
При конзумирањето на сладолед се апелира тој да се купува од сигурни продажни места, пред консумирање да се провери изгледот, мирисот и вкусот на сладоледот, а доколку се купува пакуван сладолед да се провери рокот на траење.
– Доколку сметате дека храната не е безбедна, не ризикувајте – фрлете ја, препорачува Агенцијата за храна и ветеринарство.