Откако вчера беше информирана јавноста во БиХ, дека како мерка на претпазливост од продажба се повлекуваат муслите „ dmBio Paleo” во пакувања од 500 грама, со истек на рок до 30 мај 2019 година, Агенцијата за храна и ветеринатство во Македонија потврди за „Нетпрес“ дека овој производ не е присутен на нашиот пазар.
Како контакт точка на Системот за брзо предупредување за храна и храна за животни (Rapid Alert System for Food and Feed) на Европската Унија, АХВ досега нема добиено нотификација дека на македонскиот пазар е пласиран небезбедeн производ “dmBio Paleo müsli” во пакувањеод 500 грама со рок на употреба до 30.05.2019 година, велат од агенцијата.
Според информацијата тие ја следат состојбата и како одговорна институција за безбедноста на храната, доколку се јави потреба навремено ќе реагираат со превземање соодветни мерки.
Причината за повлекувањето е присуство на тропански алкалоиди, природна растителна компонента, материјали што обично може да се најде во плевел, а чие присуство во овој производ го воспоставиле внатрешните контроли, напиша „Фена”.
.Со оглед на тоа дека во органското земјоделство не се користат хербициди за време на растот на житото не може да биде исклучена сто отсто појавата на плевелите и на тој начин овие материјали. Редовната и темелна контрола на почвата придонесува да се зголемат превентивните мерки за намалување на ризиците. Во моментов сме во комуникација со нашите партнери – производители, за да дознаеме како и покрај мерките на безбедност дошло до загадување, велат од ДМ во БиХ.
Присутноста на тропските алкалоиди во храна, особено во житарките и житни производи не е непозната. Меѓутоа, нивното ниво не смее да отстапува од европските регулативи за максимално дозволените граници, бидејќи може да предизвика благи здравствени проблеми, како што се проблеми со видот, проширени зеници, сувост на устата или замор.
Од ДМ БиХ им порачаа на купувачите да не ги конзумираат „dmBio Paleo ” муслите и неотворени да ги вратат во најблиската продавница, каде што тие ќе бидат надоместени за платениот износ. Клиентите можат едноставно да го идентификуваат рокот на траење на страната на пакувањето.