Јаир Лапид прв шеф на израелската дипломатија кој ќе ги посети Емиратите

Новиот израелскиот министер за надворешни работи Јаир Лапид ќе биде првиот функционер на таа позиција којашто ќе ги посети Обединетите Арапски Емирати, а посетата е планирана за следната седмица.

Челникот на партијата Јеш Атид ќе патува во оваа земја во Персискиот залив во дводневната посета следнито вторник, како гостин на својот колега по должност Абдулах бин Зајед, соопшти во понеделникот кабинетот на Јаир Лапид.

Во текот на посетата планирано е и отворање на израелска амбасада во Абу Даби и на генерален конзулат во Дубаи.

„Врските меѓу Израел и УАЕ се многу важни, бидејќи во нивните плодови ќе уживаат не само граѓаните тие две земји, туку и на целиот Блискиот исток“, се наведува во соопштението на израелското министерство за надворешни работи.

Во септември минатата 2020 година во Белата куќа во Вашингтон под покровителство на пораншниот американски претседател Доналд Трамп, Израел потпиша со ОАЕ и Бахреин договори за воспоставување дипломатски односи.

Тоа беа првите две земји од Персискиот залив коишто воспоставија официјални врски со Израел, со што ја прекинаа со децении старата практика на арапските земји кои одбивуваа секакви односи со еврејската држава, сѐ додека не биде решен судир со Палестинците.

Тогаш во замена за добрите односи, Израел се согласи да го запре реализирањето на планот за целосна анексија на палестинската енклава Западниот брег (на реката Јордан). Двете сунитски арапски земји, пак, се надеваат дека договорот ќе донесе економска полза за двете страни, но и дека ќе овозможи склучување сојуз против заедничкиот противник шиитски Иран.

Израел по потпишањето на договорите за нормализација на односите со Бахреин и Обединетите Арапски Емирати, а кон крајот на ланскиот октомври со Судан и во декември со Мароко беа првите договори за нормализација на односите меѓу Арапите и Израелците од прогласувањето на еврејската држава во 1948 година. Израел претходно имаше мировни договори со Египет потпишан во 1979 година, а со Јордан во 1994 година. Со Турција, пак, децениската многу тесна воена и економска соработка беше урната во 2010 година откако израелските командоси убија десет турски активисти од „Флотилата на слободата“ чии бродови се обидуваа да ја пробијат поморската блокада на Газа.

Израел во јануари годинава официјално им дозволи на своите државјани да патуваат во Саудиска Арабија поради верски или деловн цели, што е сигнал за проближување на ови две регионални сили кои имаат непријателско расположение кон Иран.

Иако се очекуваше дека следниот американски претседател Џо Бајден ќе води поинаква надворешна политика, тој најави дека ќе ја продолжи иницијативата на Доналд Трамп за постигнување мировни договори на Влискиот исток.

Претходно во мај годинава палестинскиот министер за надворешни работи Ријад ал-Малики на состанокот на Организацијата за исламска соработка (OIC) уште еднаш остро ја критикуваше нормализацијата на односите на некои арапски земји со Израел, а членките на организацијата израелските напади во Појасот Газа го нарекоа „варварски“.

Една година по потпишувањето на договорот за нормализација на односите со Израел, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин, Судан и Мароко беа принудени да узвојат критичка реторика.