Македонија надалеку е позната по вкусниот домашен ајвар, па затоа овојпат ви предлагаме да ги подготвите ајвар коцките…
За ова јадење ви се потребни 4 јајца, 4 супени лажици брашно, 300 грама спанаќ, 100 милилитри павлака, 1 прашок за пециво, малку сол, 500 грама кравјо сирење, 3 лажици ајвар, половина лажичка сув лук, 4-5 палачинки, 150 грама шунка или тенко сечена сланина и 150 грама рендан кашкавал.
Начин на подготовкa:
Одвојте ги белките од јајцата и изматете ги во цврст снег. Обарете го спанаќот, убаво исцедете го и исецкајте го ситно. Во друг сад се матат жолчките, се додава брашно, павлака, прашок за пециво и малку сол. Кога сето тоа убаво ќе се измеша се додаваат веќе изматените белки. Истурете ја смесата во помал плех кој е обложен со хартија за печење. Печете на 200 степени околу 20-тина минути.
Сирењето издробете го и измешајте го со ајварот и лукот. На веќе приготвените палачинки ставете неколку парчиња шунка, рендан кашкавал и завиткајте ги во ролна. Испечената кора пресечете ја на половина. Врз неа намачкајте дел од филот (помалку од половина), во средина ставете ги ролуваните палачинки и додадете го останатиот фил за да ја пополните целата површина. Врз измазнетата површина додајте ја и втората кора. Нешно притиснете и тортата ставете ја во фрижидер за да се стегне.