![Capture](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/11/Capture-3.jpg?resize=696%2C399&ssl=1)
Меѓународната џихадистичка групација Ал Каеда во исламскиот Магреб (AQMI) ги повика во понеделникот своите приврзаници да го убијат секој што ќе го навреди пророкот Мухамед и се закани дека ќе му се одмазди на францускиот претседател Емануел Макрон.
„Да се убие оној што го навредува Пророкот е право на секој муслиман способен тоа да го стори“, објави Ал Каеда во соопштението како реакција на изјавите на францускиот претседател Емануел Макрон во текот на закопот на парискиот наставник Самуел Пати кој на 16-ти октомври беше обезглавен среде бел ден пред гиманзијата од 18-годишен ученик од чеченско потекло поради тоа што на час на кој зборувал за слободата на говорот прикажал карикатури на пророкот Мухамед.
Макрон тогаш рече дека Франција во име на слободата на изразувањето не се откажува од карикатурите, што предизвика бран остри критики, навреди на негова сметка во муслиманскиот свет и повици на бојкот на франциските производи.
Последните две седмици беа одржани неколку масовни протите против Франција во неколку муслимански земји, на кои беа палени француски знамиња и фотографии на претседателот Макрон, од кои 50.000 во понеделникот во Бангладеш.
„Бојкотот е обврска, но тоа не е доволно“, објави Ал Каеда и повика на „одмазда“ и како „маченик“ го претстави младиот Чеченец кој бил радикализиран пред да го заколе професорот во Париз.
„Никогаш нема да ги заборавиме вашите свирепи постапки“, му порача џихадистичката мрежа на претседателот Макрон.
Претставниците на трите големи џамии и муслимански организации во Франција се сретнаа во понеденикот во париската џамија и ги осудија „неоправдени повици на бојкот на француските производи“, тероризмот и „сите оние кои го инструментализираат исламот за политички цели“, во заедничката декларација.
„Постојат моменти кога мораме да бидеме солидарни со нашата земја која со седмици е цел на неоправдани напади“, напишаа потписниците на изјавата и потсетија дека францускиот закон дава голем простор на слободата на изразувањето.
Изјавата ја потпишаа претставници на Големата џамија на Париз, Големата џамија на Лион, Големата џамија на Сен-Дени де Ла Реунион, Францускиот совет на муслиманите, Францискиот сојуз на африканските исламски здружените на Антилите и Коморите и Координацијата на мислиманските здруженија во Париз.
Минатиот четврток се случи смртоносен напад со тројца убиени во базиликата во центарот на Ница од радикализиран 21-годишен Тунижанец, а уште два слични истиот ден беа спречени во Лион и во Париз. Тие беа изведени на роденденот на пророкот Мухамед, во време на сѐ поголемиот гнев на муслиманските земји поради франциската упорност да не се забрани објавувањето на контроверзните карикатури на пророкот, бидејќи секое изобразување на ликот на Пророкот и Алах во исламскиот свет се смета за богохулство