Кошаркарски клуб Академија ФМП – Скопје, не подржува и не оправдува никаков вид на насилство кое се случува на кошаркарските терени и надвор од терените. Во врска со инцидентот кој се случил на ден 27.05.2022 год, на улица „50. Дивизија“ во кој е вмешан нашиот кошаркар и кошаркарот на КК Работнички, по пријава на еден од родителите во МВР Скопје надлежните институции го преземаат случајот, се вели во известувањето на клубот во врска со инцидентот што се случил меѓу двајцата кошаркари на Академија ФМП и Работнички, а за кој вчера Нетпресс пишуваше.
„Инцидентот кој се случи нема никаква поврзаност со кошаркарските натпревари кои ги одигравме оваа година со тимот на Работнички, туку е инициран од лични причини помеѓу двајцата кошаркари“, се наведува во известувањето до медиумите.
Во оваа насока претседателот на Академија ФМП за Нетпресс вели дека го осудува инцидентот и дека тоа не е во духот на спортот.
„Годинава игравме шест пати и имаше деца што дава и по 50 и по 70 кошеви па никој не беше натепан. Од друга страна, на шест натпревари ние имаме 5 победи а тие 1. Се случи и тоа, даде 40 кошеви и не победија по продолжение. Со нашиот кошракар имаа вербален дуел во текот на натпреварот. Имаше и една девојка која ги правеше нервозни. Потоа нашиот кошаркар направил нешто што нему доликува на еден спортист, се виделе пред училиштето и му удрил шлаканица, како и неговиот другар. Го осудувам ова“, вели Божиновски и додава разговараат со родителите за смирување на тензиите, бидејќи тоа се деца.
Претседателот на Академија ФМП вели дека тој побарал наредниот меч да се игра без публика, бидејќи преголем бил притисокот од публиката, односно родителите.
„Никако не го оправдувам инцидентот. Но, не можевме да го повлечеме нашиот играч, бидејќи претходно останавме без двјаца кошаркари, а судењето не сакам да го коментирам. Јас побарав да се игра без публика, бидејќи претходно имаше притисок од родителите, со цел да нема инцидент, односно да ги заштитиме децата. Им се прави непотребна тензија. Ќе нагласам, и кога имало инциденти секогаш сме ги решавале заеднички со клубовите и тренерите“, истакнува Божиновски.