Видеолотарија Касинос Австрија продолжува да посветува внимание на македонскиот спорт и да го помага, а нивниот најнов пријател е фудбалскиот клуб „Академија Пандев“.
– Нивната посветена работа со млади фудбалери и значајните резултати на сениорскиот тим, одлучивме да ги наградиме со ваучер донација во вредност од 50.000 евра. Се надеваме дека овие средства ќе претставуваат добредојдена помош во едно тешко време кое станува предизвик за секој субјект во општеството, особено во спортот – велат од Видеолотарија.
„Академија Пандев“ успешно ја оствари својата примарна цел за оваа сезона во македонската Прва лига, да избори опстанок. „Академија Пандев“ го освои седмото место на табелата со биланс од 12 победи, 16 порази и пет нерешени. Тоа изгледаше далечен потфат на почетокот на сезоната, кога екипата беше на дното на табелата, работите не функционираа според желбите, но еден импулс за успешна работа беше доаѓањето на Александар Васоски како тренер. Поранешниот македонски репрезентативец ја презеде клупата пред почетокот на пролетната полусезона и резултатите од неговата работа се очигледни.
Оваа најнова донација на Видеолотарија Касинос Австрија е дел од посветеноста на компанијата кон промовирање на вредностите поврзани со спортот. Видеолотарија Касинос Австрија веќе сигурно станува силен поддржувач на македонскиот фудбал. Од март годинава, нивни заштитни лица се: Горан Пандев, Кире Лазаров, Едина Муса, како и Игор Стефановски-Иџе, зад чии спортски предизвици стојат веќе неколку години по ред. Годинава се горди бидејќи станаа и партнер на македонската фудбалска репрезентација, која ова лето ќе ја претставува нашата земја на Европското првенство.
Видеолотарија Касинос Астрија како општествено одговорна компанија постојано се обидува да придонесе со низа активности, настојувајќи да одговори на молбите за поддршка кои пристигнуваат до нас.