Дел од академиците на МАНУ не се согласуваат со планот на Министерството за образование кој предвидува спојување на историјата со други предмети. Одделението за лингвистика и литература, во својата реакција наведува дека познавањето на историското минато е услов за развој на секоја нација и држава. Затоа како што наведуваат, неопходен е транспарентен, стручен и одговорен однос кон историската проблематика и нејзиниот третман во образовниот процес.
„Свесни за чувстивтелноста на тајмингот во кој што се носи концпт, кој би можел да го деградира местото на предметот историја и на самата историска наука и да ја доведе во прашање автономноста на историската наука и на обрзовниот процес, јавно искажуваме поддршка на критичкиот став на Институтот за историја во врска со реформскиот концепт на МОН“, се вели во реакцијата на членовите на Одделението за лингвистика при МАНУ.
Институтот за историја при Филозофскиот факултет побара надлежното министерство да се откаже од концептот за спојување на историјата со други предмети. Таквиот чекор го толкуваат како институционално содејство со надворешните желби и притисоци за негирање на историјата, идентитетот и јазикот.