На покана на Светската федерација за боречки вештини а во организација на Грчката федерација за боречки вештини на 9 јули во Паралија/Катерини, Грција се одржа меѓународниот ортворен турнир на кој учествуваа соседните земји на Грција со околу 300 натпреварувачи.
Тимот кој ја претставуваше Македонија преку Академијата за боречки вештини ЗА НЕД ДО беше составен од 17 натпреварувачи кои се бореа во борби во лајт контакт и лоу кик, а се натпреваруваа и во демонстрации со традиционално оружје како и демонстрации во самоодбрана.
Вкупно од настанот кој е именуван како !Fight for immortality” Академијата ЗА НЕД ДО од меѓународниот турнир во Грција се враќа како апсолутен победник со 24 златни медали. Со овој меѓународен натпревар се затвора првото полугодие од натпреварувачката година на Светската федерација за боречки вештини по што веднаш започнуваат подготовките за тековните натпревари, турнири и мечеви во оваа, но и во останатите светски асоцијации и организации од светот на боречките вештини за кои Академијата ЗА НЕД ДО е правен застапник за Македонија.
„Човек често си поставува цели кои кога ќе ги достигне се гордее што успеал но тие мора постојано да се поместуваат се повисоко на скалата на професионализацијата и умешноста конкретно во боречките вештини каде ние се натпреваруваме. Меѓународниот отворен турнир во Паралија – Катерини, Грција само го потврди тоа. Ние овојпат повторно постигнавме огромен успех со тоа што секој медал кој го освоија нашите спортиски е златен а ги има вкупно 24 на број. Искрено се надевам дека самото учество но и успехот кој е резултат на професионалниот пристап кон работата со јуниорите ќе е мотив плус за подобри успеси на натпреварите кои следат по летниот одмор кој ние ќе го поминеме како и секоја година работно и во подготовки”, истакна Златко Неделковски шеф на македонската делегација.