Ќе бидам краток и прецизен. Заев треба и мора да си замине. Негирањето на македонската нација е најголемата глупост за која мора да читам, пишува македонистот од Хрватска, академик Горан Калоѓера.
-Славењето на Блаже Конески е најдоброто нешто што го прави македонскиот народ (барем некои од нив). И тоа треба да продолжат да го прават. Јазикот, македонскиот, е драгоцен и потврден историски и лингвистички факт и секое понатамошно препукување за него не вреди ни зрно грав. Едноставно треба да се истрае и да се остане во одбрана на татковината. Сè друго е мизерно и залудно предавство, вели тој.