Академик Манџуков: Илинден е срцето на Македонија, да го славиме заеднички значи да кажеме дека немаме држава

За она што го кажа премиерот Зоран Заев што рече, сите ние сме еден народ – еден народ, ама кој? Ајде нека каже дека сме Македонци и нема проблем, рече академик Митко Манџуков, кој во четвртокот вечерта гостуваше  во емисијата „Ѕид“ на ТВ Алфа.

„Сите ние сме за добрососедски односи, ама не по секоја цена. Што значи тоа да се менуваат сите учебници? Што? Да станеме Бугарија? Или ова за Илинден, што значи тоа? Илинден е срцето на Македонија! Значи сите собитија врзани за Македонија, се соберени во тој ден“, вели академик Манџуков.

„Преку Илинденското востание, преку отпорот, преку прогласувањето на македонската држава и тука е соберено се, ако кажеме го нема Илинден или дека е Илинден заеднички тоа значи да кажеме дека немаме држава или нашата држава е нечија туѓа, како што било во турско време или како што било во југословенско време“,  заклучи академик Манџуков.

Рече оти Македонија е во сериозна ситуација, и оти мораме да се избориме за држава.

„Народи на овој свет има многу, држави има малку. Многу народи, малку држави. Има народ, нема држава. Не им даваат едноставно“, посочи Манџуков.