Пребрзи моторџии на улиците и неколку повредени луѓе во само едно деноноќие – ја натераа полицијата на голема акција. Вчеравечер полицајци во униформа се распоредиле и демнеле на скопските булевари. На терен биле пет ипол часа – доволно за да напишат четириесетина казни, но и да одземат неколку мотоцикли и да ги однесат во своите гаражи.
Сообраќајни несреќи секогаш имало, а кампањите и акциите на полицијата не можат да понудат решение на проблемот, тврдат експертите. Треба да истражуваме, стручно да пристапиме на проблемот, да ги откриеме причините зошто вакви несреќи се случуваат на улиците – апелира до надлежните, Гроздан Ангеловски.