Властите на Бугарија и на Франција со поддршка од Европол спречија работа на организирана криминална група вмешана во трговија со луѓе со цел експлоатација на работна сила и перење пари, соопшти Европол.
Акцијата против криминалната група, која регрутирала работници во Бугарска за сезонска берба во Франција, била спроведена на 17 септември и во неа учествувале повеќе од 80 иследници од Бугарија и Франција.
Француските власти уапсиле четворица членови на групата, тројца од Бугарија и еден од Франција.
Европол информира дека со истрагата се идентификувани 167 потенцијални жртви кои работеле за четири различни компании за производство на вино во близина на францускиот град Лион.
Во соопштението се информира дека членовите на групата од Бугарија регрутирале луѓе во својата земја, додека еден член од Франција бил задолжен за логистика, вклучувајќи и организирање сместување за работниците.