Акциите коишто ги спроведувал највисокиот информатор на британската Ирска републиканска армија (IRA), со кодно име „Stakeknife“, веројатно резултирале со повеќе изгубени животи отколку спасени, покажува независна студија објавена во петокот.
Ирската републикланска армија е обвинета дека е одговорна за повеќе од половина од 3.600 смртни случаи во текот на тридеценискиот етнички конфликт во покраината под британска управа што во голема мера заврши со потпишувањето на Мировниот договор од Велики петок во 1998 година.
Извештајот покажа дека британските безбедносни сили честопати биле свесни за неизбежните киднапирања и убиства, но сепак не успеале да ги заштитат оние кои биле изложени на ризик. Како резултат на тоа, се вели, смртните случаи што можеле да се спречат се случиле со нивно знаење, а одговорните не биле изведени пред лицето на правдата, туку биле оставени слободно да го сторат и повторуваат кривичното дело.
Независниот прелиминарен извештај на 212 страници за Операцијата Кенова не го открива идентитетот на агентот, кој наводно бил истакнате припадник на злогласната единица за внатрешна безбедност (ISU), единицата „Nutting Squad”на IRA извештај не го откри идентитетот на агентот, која испрашувала осомничени доушници за британските служби.
Фреди Скапатичи, жител на Белфаст кој почина минатата 2023 година, негираше дека токму тој е шпионот под кодно име „Stakeknife“, откако весниците во 2003 година го именуваа како агент. Неуспешен беше неговиот обид да ги повика британските министри јавно да го ослободат од таквото обвинението дека е двоен агент.
Истражителите ангажирани во Операцијата Кенова во периодот од 2019 до 2022 година препорачале кривично гонење на повеќе од 30 лица, вклучително и наводни членови на протестанските пробритански паравоени сили, поранешни полицајци и поранешни членови на разузнавачките и безбедносните сили. Јавното обвинителство во последните месеци одлучи да не го отвора случајот, а како причина ги наведе „недоволните докази“.
„Овој извештај остава малку сомнеж дека републиканското раководство е одговорно за многу страшни злосторства, од кои многу Владата не успеа да спречи“, наведува во писмената изјава за јавноста, поранешниот водач на Операцијата Кенова, Џон Боучер.
Боучер ја водеше осумгодишната истрага до неговото назначување за шеф на северноирските полициски сили минатата 2023 година и ги презентираше наодите на прес-конференција заедно со поранешниот началник на шкотската полиција Иан Ливингстон, кој ја презеде функцијата шеф на Кенова ланскиот октомври.
Во извештајот се наведува дека било добро познато дека Скапатичи бил член на ISU и критична личност од интерес во основата на итрагата. Пред неговата смрт, обвинителите разгледуваа голем број досиеја на Операцијата Кенова, за кои иследниците во извештајот веруваат дека содржеле силни докази за многу сериозни кривични дела сторени од Скапатичи, се додава.
Баучер вели дека очекува британската влада да му дозволи да го именува „Stakeknife” во конечниот извештај на Операцијата Кенова, кој ќе биде објавен откако ќе бидат доставени конкретни извештаи до семејствата во месеците што следат. Баучер, исто така, ја повика владата и водството на републиканците во Северна Ирска да им се извинат на семејствата на оние кои ги загубија своите најблиски.
Британскиот министер за Северна Ирска, Крис Хитон-Харис, во изјавата рече дека не би било во ред владата да ја коментира суштината на прелиминарниот извештај до завршувањето на граѓанските парници поврзани со него.
Поранешното политичко крило на IRA, Шин Фејн, која сега е најголемата партија во Северна Ирска, не одговорила веднаш на барањето на медиумите да го коментира извештајот.
Во извештајот се наведува дека широко распространето верување меѓу некои од безбедносните сили дека разузнавачките информации обезбедени од „Stakeknife” спасиле „безброј“ или „стотици“ животи се претерани и дека бројот на животи што тој ги спасил бил меѓу „висок едноцифрен и низок двоцифрен“.
И покрај тоа што се наведува дека одговорноста за тортурата и убиствата е на IRA, извештајот го истакнuva недостигот на правна рамка за правилно регулирање на употребата на агенти во кои нивното дејствување во одредени моменти се гледало како практикувана „темна вештина“ со високи влогови „вон од учебниците“.
Полициската служба на Северна Ирска во соопштение рече дека недостатоците и неуспесите во однос на ракувањето и ширењето на разузнавачките информации од страна на полицијата се решени со реструктуирање на нејзините разузнавачки системи.
Јавното обвинителство во изминатите месеци одлучи да не покренува кривично гонење, наведувајќи „недоволно докази“.