Три лица се приведени во Скопје и Кочани во акција на полицијата за сузбивање организирано прекршување на безвизниот режим.
Според првичните информации од Министерството за внатрешни работи приведени се три лица, двајца од Кочани на возраст од 34 и 41 година и еден 35-годишен скопјанец, кои се осомничени за злоупотреба на безвизниот режим.
Групата организирала луѓе од Источна Македонија на кои им земала пари и преку Косово ги носеле за Германија каде барале азил .
Повеќе информации за акцијата од страна на полицијата најавуват во текот на денот.