![voda](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/11/voda.jpg?resize=696%2C392&ssl=1)
ЈП Водовод и канализација – Скопје, заедно со останатите јавни претпријатија на Град Скопје и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски учествуваше во редовна заедничка акција, со цел подобрување на квалитетот на живот на граѓаните на Општина Центар.
ЈП Водовод и канализација-Скопје свој придонес во акцијата даде во насока на вршење на санација на прекопи и дефекти, чистење на шахти и сливници и други редовни активности.
ЈП Водовод и канализација-Скопје апелира до граѓаните да дадат свој придонес во насока на заштита на системот на канализацијата и ги замолува граѓаните да не фрлаат отпад во истите.