Акција: Се собираат отпадните гуми во населбата Вардариште

Седумдесет отпадни гуми од тешки и лесни товарни возила се собрани во населеното место Вардариште во Општина Гази Баба во тек на акција што ја спроведоа комуналната и инспекцијата за животна средина на општината, во соработка со Министерството за внатрешни работи.

– Во населбата Вардариште има често палење огнови од страна на населението. Со акцијата се спречува можноста за палење на гумите кои беа одземени, а истовремено се опоменуваше локалното население за казнените одредби од Законот за јавна чистота и Законот за животна средина, соопшти денеска Општина Гази Баба.

Собраните отпадни гуми во акцијата се предадени на овластен постапувач со отпадни гуми.