Акцијата „Македонија без отпад 2015“ и во општина Гази Баба

Акцијата „Македонија без отпад 2015“ и во општина Гази Баба
Акцијата „Македонија без отпад 2015“ и во општина Гази Баба

Општина Гази Баба активно се вклучи во глобалната акција Let’s Do It World, поддржана од Европскиот парламент и спроведена во 112 земји во 2014 година, а поддржана од Министерство за животна средина и просторно планирање на Република Македонија, Град Скопје, граѓанската асоцијација Ајде Македонија и 60 општини од Република Македонија.

Националната акција „Македонија без отпад 2015“ која се спроведе и на територија на општина Гази Баба има за цел да се исчисти отпадот кој се наоѓа на несоодветно место во животната средина и нашето секојдневие, да се развие свеста кај граѓаните за правилно управување со отпадот.

Оваа акција се спроведе со учество на вработени од ЈКП Гази Баба 2007, општинската администрација и граѓаните од општината.