Спасувањето на пронајдени момчиња заглавени во пештара во Тајланд ќе трае со месеци. Или ќе научат да нуркаат или ќе чекаат речиси пола година водата да се повлече, велат спасувачките екипи.
Гласот на нуркачите спасовачи е мал сноп светлина во длабоката пештера во Тајланд, каде десет дена преживуваа 12те деца и нивнито фудбласки тренер.
Исцрепени, со влошено здравје, но живи беа најдени. Момчињата на возраст од 11 до 16 години и нивниот 25-годишен тренер исчезнаа на 23 јуни, кога тргнале да го истражуваат пештерскиот систем Там луанг. Снимките со изномештените лица со насмевка од среќа дека се најдени го преплавија светот. Радост дека се живи, но страв дали ќе се победи природата и ќе се извлечат децата и нивниот тренер каде пештерата се полни со вода.
На децата им се однесени лекови, енергетски пијалоци, и еден лекар останал со нив. Гувернерот на провинцијата Чианг Раи изјави дека нивото на водата во пештерата е се уште премногу високо,а децата многу слаби да пливаат и нуркаат. Во исто време вели дека спасувачката мисија ќе трае пократко. Мала среќа е што децата се слушанале телефонски со нивните родители.
Засега молитвата да се подобори нивното здравје со цел да пливаат и нуркаат да излезат од потпената пешетера. Истовремено се интензивираат напорите за испумпување на водата од пештерата и потрага по нов влез во пештарата.