Акихито му се заблагодари на народот и се помоли за мир во светот

Во своето последно обраќање на крајот од триесетгодишното владеење, јапонскиот цар Акихито во вторникот на формалната свеченост на абдикацијата му се заблагодари на јапонскиот народ на поддршката и изрази надеж за мирна иднина.

Осумдесет и петгодишниот Акихито е првиот јапонски монарх во последните два века кој се повлекува од престолот. Тој е воедно беше и првиот цар кој го презема Престолот на хризантемите под новиот устав, донесен по Втората светска војна којашто ја загуби неговиот татко царот Хирохито, а кој го дефинира царот како симбол на народот без политичка моќ, a не како дотогаш кога императорот се доживувал како живо божество.

„На луѓето кои ме прифатија и поддржуваа како симбол, им изразувам голема благодарност… Заедно со царицата, се надевам од длабочината на своето срце дека новата ера Реива, којашто започнува утре, ќе биде мирна и плодна, и се молиме за мир и среќа на нашата земја и за сите луѓе го светот“, порача Акихито облечен во западен костум на кусата церемонија на абдикацијата во Царската палата, во салата „Матсу но ма“ или „Собата на боровите“.

Околу 300 луѓе присуствувале на церемонијата која беше пренесувана преку телевизијата. На церемонијата уште присуствуваа јапонскиот премиер Шинзо Абе, принцот Нарухито и пренцезата Масако, како и челнициет на двата дома на парламентот и судиите на врховниот суд. Царот Акихито, кој беше придруживан од сопругата која инаку има потекло од народот, царицата Мичико, имаше улога на симбол на помирување, мир и демократија. Тој се лекуваше од рак на простата и имаше операција на срцето, поради што во 2016 година во телевизиско обраќање порача дека стравува оти нема да може да ги извршува своите должности поради нарушеното здравје.

„Иако во срцата го одразуваме патот по кој одеше царот, ќе сториме сѐ Јапонија да продолжи на патот на светлата иднина за погорда Јапонија коај е преполна со мир и надеж“, рече премиерот Абе пред говорот на царот.

Царските дворјани носеа државни и приватни печати во салата, Исто така го носеа царскиот меч и бисерот, две од „Трите свети блага“ на Јапонија, кои заедно со олгедалот го сочинуваат симболот на престолот. Тие потекнуваат од древната јапонска митологија. Својата абдикација ја објави во храмовите во Царската палата, меѓу кои и во храмот посветен на божицата Аматераси Омиками, за која митот вели дека од неа потекнала царската лоза.

Синот на Акихито, 59-годишниот принц Нарухито ќе го преземе престолот на церемонијата на 1-ви мај во среда. Нарухито студирал на Оксфорд, а неговоата сопруга принцезата Масако на Харвард. Вторникот е последен ден од Хеисеи царската ера којашто започна на 8-ми јануари 1989 година, откако Акихито го наследи престолот од татко му царот Хирохито. Неговата ера беше обележана со економска стагнација, природни катастрофи и брз технолошки напредок.

Јапонците традиционално покрај датумот ја нагласуваат и ерата или „генго“, а овој систем го преземале од Кина, и е просутен во многу документи, календари и монети. Повеќето други земји од регионот ги користат западните календари. Новата ера на царот Нарухито, ќе се нарекува Реива, односно „Прекрасна хармонија“.