Младиот македонски кошаркар Андреј Јакимовски запиша двоцифрен број поени зад своето име во шестиот триумф во низа на Вашингтон Стејт кугарс во НЦАА лигата.
„Кугарси“ го продолжија максималниот ефект во новата НЦАА сезона со синоќешниот убедлив триумф над Монтана Стејт со 82:54, а Јакимовски имаше ефект од десет поени (2/6 за три и 2/4 за два поени), како и седум скокови и две асистенции.
Следен противник на тимот на Јакимовски е Прејри Вју, третопласираната екипа во Југозападната дивизија во НЦАА.