Јакимовски: Македонија е во хаос со коронаепидемијата

Стевчо Јакимовски, во своето гостување во емисијата „Само Вистина“ зборуваше за пандемијата во земјата каде посочи дека Република Македонија се наоѓа во тотален хаос во врска со справување на оваа пандемија и се претпоставува дека властите ги кријат реалните бројки на новозаразени.

-Остро предупредивме кога се тргнаа мерките дека ова нема да биде така едноставно и дури предвидовме дека за 15 -20 дена очекуваме дека ќе има зголемен број на заразени од Ковид 19, но со претпоставка дека ќе ги кријат бројките на новозаразени. Сега се случува нешто друго, очигледно дека се наоѓаме во страшен хаос за жал од здравствено прашање Ковид 19 сериозно веќе се претвара со политичко прашање за кои и политиката ги спротивставува своите мислења. Претседателот на Комисијата за здравство направи сериозен гаф, практично два човека во Македонија кажаа дека со ковидот во Македонија е завршено, едниот кажа дека е завршено, другиот дека е при крај. Тоа се реисот и господинот Караџовски. Караџовски треба да збори врз основа на научна вистина и нели ги знаеја кои се кластерите, нели знаеја точно кои се луѓето, кои се семејствата и дека нема никаква опасност и сега влегуваме во еден нов хаос, во една разорна моќ која што ја зима овој Ковид 19, истакна Јакимовски во своето гостување.

Тој порача дека владата требала да инсистира многу повеќе на почитување на мерките, како и на носење на ракавици и маски.